ММС

Објавено на: 07/1/21 5:10 PM

(Видео) Пендаровски го посети музејот на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ

При посетата на Македонската Православна Црква „Света Злата Мегленска“, претседателот Пендаровски од страна на надлежниот парохиски свештеник, отец Кирко Велински беше запознаен со напорите за доизградба на објектот на црквата, која е прва македонска православна црква што се гради во Хрватска.

На средбата со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за перспективите за интеграцијата на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

Во Загреб претседателот Пендаровски го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“, посветен на животот на еден од најдобрите хрватски кошаркари на сите времиња.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1