ММС

Објавено на: 07/1/21 4:46 PM

Реформите во основно образование стартуваат во прво и четврто одделени, изјави министерката Царовска

Министерката за образование, Мила Царовска, која денеска учествуваше на настанот „Преспа Форум за Дијалог“ во Отешево, во изјава за медиумите истакна дека реформите за основно образование стартуваат во септември во прво и четврто одделение.

-Програмите се донесени, транспарентно објавени и сите дискусии кои се водеа со објавувањето се затворија затоа што видовме дека ништо нема драматично, ништо различно од она што го ветувавме, а тоа е критичкои размислување, поврзување на теми, проектно работење и сите други вредности кои се значајни кои треба да се воведат, како што е родова рамноправност, интеркултура, инклузивност, а тоа значи образование за секое дете со еднаков квалитет. Дополнително се подгтвуваат материјалите за учење за прво и четврто одделение, како и дигитализација и мултумедија содржина во оние за четврто одделение, истакна Царовска.

Царовска дополни дека се подготвуваат за 3 сценарија за почетокот на новата учебна година, но сепак од 1 септември ќе се учи во училници со физичко присуство, а согласно епидемиолошката состојба ќе одлучуваат понатаму дали ќе се менуваат сценаријата и начинот на учење за наредната учебна година.

Таа рече и дека дополнително се набавуваат 10.000 таблети преку министерството.

Маја Богоевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1