ММС

Објавено на: 07/1/21 4:00 PM

Ќе ја поддржиме Белорусија против санкциите на ЕУ, најави Путин

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека ќе ја поддржат Белорусија како одговор на санкциите на Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Путин преку видеоконференција говореше на Регионалниот форум „Русија-Белорусија“, на кој учествуваше и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Наведувајќи дека има постојани обиди однадвор да се наруши состојбата во Белорусија, која е под политички и притисок со санкции, Путин рече дека тие ќе продолжат да даваат сеопфатна помош за белорускиот народ.

Путин, посочувајќи дека ограничувањата за набавка на стоки од Белорусија до европските земји поради одлуката за санкции на ЕУ ќе им наштетат на обичните луѓе, светот на бизнисот и самата Европа, рече: „Ќе ги поддржуваме нашите белоруски пријатели против одлуките за санкции што се донесени од неодамна.“

Белорускиот претседател Лукашенко истакна дека Русија и Белорусија не само што ќе се спротивстават на нападите на Западот, туку и ќе ја развиваат економската соработка меѓу двете земји.

Наведувајќи дека неговата земја е под очигледен економски и политички притисок од западните земји, Лукашенко рече: „Санкциите на Западот имаат за цел нарушување на интеграциските проекти на Белорусија и Русија.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1