ММС

Објавено на: 07/1/21 2:37 PM

Две момчиња повредени во сообраќајка во скопски Бутел

Повредени две лица во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера во скопската населба Бутел, информираат од Министерството за внатрешни работи
– Вчера во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Ќемал Сејфула“, ул.„Струмичка“ и ул.„Крсте Асенов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(22) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, стои во соопштението на МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1