ММС

Објавено на: 07/1/21 2:32 PM

(Видео) „Животворниот извор на слободата не секна“ – Претседателот Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.

На спомен плочата, поставена од општина Велес, е испишано „Животворниот извор на слободата не секна“, извадок од поздравниот говор на Панко Брашнаров на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во Манастирот „Св. Прохор Пчињски“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1