ММС

Објавено на: 07/1/21 8:11 AM

Изневерувана и оставана, а сега и цвета љубовта – Никол Шерцингер ужива со дечкото во Италија

Најпознатата членка на групата “The Pussycat Dolls”, Никол Шерцингер, по четириесет години, сепак има завидна линија, недостижна за нејзините многу помлади колешки.

Својот 43-ти роденден го прослави во Италија со своето седум години помладо момче, поранешниот рагбист Том Еванс, а нејзините следбеници на Инстаграм  со право велат дека е една од најубавите жени на светска јавна сцена.


Том сподели фотографии со Никол и и го честиташе роденденот со романтична посвета.
“Се надевам дека твојот роденден беше убав и полн со љубов како што си ти. Те сакам многу”, напиша поранешниот атлетичар. Неговата објава ги воодушеви жените и многумина му сугерираа дека добар роденденски подарок за Шерцингер ќе биде веренички прстен.

 

Том не одговори на тие предлози, но тој откри на Инстаграм дека ја изненадил Никол со романтичен ручек на самиот брег на езерото, и сè било попрскано со ливчиња од роза. После тоа, вработените ја извадиле тортата, а како што се чинеше од изразот на лицето, пејачката навистина се изненадила.
Инаку, Никол и Еванс ја прославија првата годишнина од нивната врска во ноември минатата година, а таа му посвети емотивна посвета на Инстаграм.

“Среќна годишнина, љубов моја. Кој би знаел дека целиот мој свет ќе се смени пред една година. Те сакам многу”, напиша пејачката.

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1