ММС

Објавено на: 07/1/21 7:43 AM

Цела држава во опасно жолто ниво – Денес до 41 а од утре намалување на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен. На целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Уве индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од УХМР најавуваат дека уште денеска времето ќе биде сончево, многу топло, бидејќи од петок температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за изолирана појава на локален дожд и ретки грмежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1