ММС

Објавено на: 07/1/21 7:21 AM

Со автобус и велосипед побрзо до работа – Закочен сообраќајот на четири улици и булевар

Во моментов голем сообраќаен застој во Скопје има на четири улици и еден булевар. ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се  забележуваат долж -улицата „11 Октомври“ од Кисела Вода  кон Центар, улицата „Свети Кирил и Методиј“ кон булеварот „Водњанска“, булеварот „Киро Глигоров“ кон Автокоманда и улицата „ Перо Наков“ кон крстосницата со булевар „Киро Глигоров“.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1