ММС

Објавено на: 06/30/21 9:34 PM

Ме фотографирате, па го исмевате моето тело – Бритни Спирс во војна со папараците

Бритни Спирс објави видео на Инстаграм со порака за сите оние кои сакаат да ја фотографираат на Хаваи, каде замина на одмор со своето момче Сем Азгари.

“Ова е прилично лудо. Сепак, папараците знаат каде сум и навистина не е забавно за мене. Беше прилично тешко да одам некаде затоа што овие лица секогаш се појавуваат за да ме фотографираат. Но, не само тоа. .. Тие го искривуваат моето тело и се потсмеваат на фотографијата и тоа е срамота. Знам дека моето тело не е совршено, но дефинитивно не изгледам како што ме прикажуваат. Безобразно е и злобно, затоа ве молам одј*бете се, порача пејачката.

Таа замина на одмор откако првпат јавно зборуваше на суд за нејзиниот живот и побара да се стави крај на старателството над себеси на татко и Џејми.

“Само сакам да си го вратам животот, поминаа 13 години и тоа е доволно. Доволно е и нема смисла воопшто … Јас завршив. Сакам да го тужам моето семејство, да бидам целосно искрена”, рекла таа.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1