ММС

Објавено на: 06/30/21 7:23 PM

Нападната и ограбена 73-годишна жена на автобуска во Кавадарци

Кавадарчанката Б.В на возраст од 73-години пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена од едно лице, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според пријавата, жената била ограбена во близина на автобуска станица во Кавадарци.

Полицијата, презема мерки за расчистување на случајот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1