ММС

Објавено на: 06/30/21 4:12 PM

Убиство во Скопје – прободено 27-годишно момче

Вчера во 23.20 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.40 часот во с.Ново село, по претходна расправија, Н.В. со остар предмет му нанел повреда на П.Ш.(27) од Скопје, известуваат од МВР.

П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1