ММС

Објавено на: 06/30/21 3:24 PM

Голем интерес за вакцинација во Битола

Во Битола и денеска продолжи вакцинацијата со прва доза „Фајзер“. Во неделата пристигнаа 5004 дози на „Фајзер“ во вакциналниот пункт во Битола, додека вчера пристигнаа и 5000 дози од кинеската „Синовак“. За денеска за вакцинација со прва доза и за ревакцинација се закажани околу 2000 лица.

– Се уште се врши вакцинација со прва доза на Фајзер, додека во исто време се врши давањето на втори  дози на вакцина со сите останати Астра Зенека, Синофарм , Фајзер, значи сите дози како втора доза ги имаме, за граѓаните кои што ја примиле првата доза и за нив се обезбедени втори дози за истите што ги примиле. Вчера пристигнаа 5000 вакцини на „Синовак“, според насоките на Министерство за здравство, тие ги даваат термините преку Мој термин и вакцинација.мк во текот на вечерните часови. Така знаеме како е во наредниот ден. Имам информација дека од денес до сабота има закажано околу 7250 термини до сабота, вели д-р Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

Целта ни е вели д-р Спирковска што повеќе граѓани да се вакцинираат за да не ни се повтори сликата од претходно.

-Битолчани се за пофалба и заради тоа е толкав голем бројот на процентот на вакцинираност и заради тоа сме на втторо место по примени дози после Аеродром иначе на трето место по општа вакцинација на ниво на цела држава. Кај нашите граѓани има прифаќање на вакцинирањето какао единствена алатка за борба против ковид 19.

Меѓутоа дел од битолчани денеска примија „Синовак“, по препорака и проценка на лекарите.

-Доколку пациентот има индикација, контраиндикација за да ја прими Фајзеровата вакцина, се прави индивидуална проценка на состојбата на пациентот, на заболувањата, препораки од специјалисти. Во тој случај излегуваме во пресрет на пациентите и може да се прими вакцината на Синовак, вели д-р Олгица Јакимовска, одговорно лице на смена.

Досега во регионалниот пункт во Битола вакцинирани и ревакцинирани се над 41.000 лица.

 

 

 

Маја Богоевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1