ММС

Објавено на: 06/30/21 1:55 PM

Уапсен е државјанин на Бугарија, еден од најбараните криминалци во Европа

Вчера попладне на подрачјето на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М. (63) од Бугарија, баран од Интерпол – Софија со меѓународна потерница, информираат од МВР.

-Лицето е осудено на казна затвор во траење од 14 години за кривидчно дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол, велат од Министерството за внатреши работи.

Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведен е во КПУ Затвор – Скопје.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1