ММС

Објавено на: 06/30/21 1:48 PM

Највеќе сакаат Фајзер – Македонците се’ уште масовно се вакцинираат во Врање

Се уште голем интересот на Македонските граѓани за вакцинација во вакциналниот пункт во Врање соседна Србија. Се имунизираат и до 500 на ден. Најбарана е вакцината „Фајзер“.

Деновиве најчесто се имунизираат македонските граѓаните со втора, откако по примената прва доза здравстените власти им закажуваат термин. Македонските граѓани задоволни од организацијата, велат решиле да се вакцинираат во Србија, бидејќи во нашата земја се уште ни им стигнал термин, иако закажале за имунизација пред еден месец.

Од вакциналниот пункт во Врање, велат дека голем е интересот за вакцината Фајзер. Колективниот имунитет на сите лица од регионов е многу важен, ако сакаме да запре пандемијата.

-За Фајзер се најзаинтересирани, но се случува во текот на денот да се потрошат дозите, па потоа мора да се вакцинираат со кинеската, а се очекува за скоро да пристигне и руската вакцина. Затоа обично гужвите се наутро и Фајзер ја има наутро и претпладне, а попладне поради интересот ректо може да останат дози од оваа вакцина. Ретко кој е вратен од Македонија за имунизација освен ако има некој здравствен проблем. Треба да се запре епидемијата, а начинот е вакцинација на сите и на српските и на македонските граѓаните, вие доаѓате тука и ние често поминуваме низ Македонија, мора да се создаде колективен имунитет на сите од регионов, рече д-р Слаѓан Младеновиќ вакцинален пункт Врање Србија.

Во текот на денот се имунизираат и до 500 лица од Македонија, а се очекува овој процес за македонските граѓани да трае и натаму.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1