ММС

Објавено на: 06/30/21 1:44 PM

И ден денеска јадам леб и маст, иако имам се! Сопругата на Саша Поповиќ прозборе за детството!

Снежена Јовановиќ со години е во хармоничен брак со Саша Поповиќ , а сега истакна колку се и двајцата скромни и како живаат позади камерите.

– Имав убаво детство на село. Пред куќата на моите родители имаше една клупа каде сите сакавме да седиме и да јадеме парче леб и маст со пиперка. Тоа е најслаткото јадење „српска нутела“ Најстрашното ми беше кога парето леб со маст ќе ми паднеше на земја и тоа баш од намачканата страна. Веднаш трчав кај мајка ми да ми намачка уште едно – вака ја почнува својата исповед Сузана која денес таа живее луксузно и е мажена за еден од најбогатоте музичари во Србија.

– Сале, децата и јас сакаме домашна кујна. Јадеме сарма, купус, грашок, боранија… Тоа ни се омилени јадења иако можеме да си дозволиме се. Не сакаме ни суши, ниту некоја друга екпериментална кујна. Луѓето сигурно мислат дека јадеме со златни лажици, но ние сме само едно обично семејство кое живее нормален живот.

Сузана и Саша имаат цел возен парк, а неа не и е важно зад кој волан ќе седне.

– Возам јас, јас и во „пикап“ , и во „смарт“, не морам во некое најскапо БМВ. Сале и јас сме нормални луѓе, немаме комплекси и се возиме со што стигнеме. Нема да имаме проблем ниту во фичо да седнеме, открива Јовановиќ.

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1