ММС

Објавено на: 06/30/21 1:04 PM

Балкан Гала Фестивал 2021 – Битола

Уникатен тридневен фестивал. Три гала концертни вечери со различни музички стилови и со многу гости артисти од целиот Балкан. 7,9 и 11 Јули Ракометно Игралиште Битола

Балкан Гала Фестивал е уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори.

Три различни Гала концертни вечери со многу гости артисти од целиот Балкан, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 30 музичари.

Уникатна можност да ги слушнете вашите омилени песни и вашите омилени артисти во сосема нови симфониски аранжмани.

Добро познатите и најпопуларни проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите изведувачи од целиот Балкан. Програмата за трите вечери е нова и досега неизведувана.Аранжманите ги изработија Владимир Димовски и Иван Еминовиќ.

07.07 Рок Симфонија со легендарниот фронтмен на Парни Ваљак, Аки Рахимовски и многу добро познатиот рокер Дадо Топиќ.

Потсетување и уживање во нивните хитови кои никогаш не се забораваат.

Светските најдобри рок хитови со нашите најдобри домашни вокали:

Дани Димитровска

Михајло Трјковски – Сак

Бранислав Николов(Фолтин)

Жарко Јакимоски

Наташа Миха

Сашо Паркет

Ирена Димовска

Елена Стојчевска

сите заедно придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

09.07 Поп Симфонија со гласот кој што би го препознале секогаш и секаде, Хари Мата Хари (Босна и Херцеговина) и миленикот на дамите, Сергеј Четовиќ (Црна Гора).

Вечер исполнета со најпопуларните хитови на овие два незаменливи пеачи и нашите најдобри домашни изведувачи:

Елена Ристеска

Ѓоко Танески

Дарио

Димитар Андоновски

Мијата

Придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

11.07 Електро Симфонија. Специјален гостин на последната вечер од фестивалот е прогласениот за најдобар диџеј Terry Francis (Велика Британија).Диџеј Saso Recyd I Sonja Ismail.

За загревање на вечерта припремена е необична, различна и уникатна програма со најпознатите електро хитови на сите времиња, во која учество имаат многу наши и странски артисти:

Маги Џанаварова (Бугарија)

Love Itoya (Грција)

Наде Талевска

Виктор Апостоловски

Дина Јовановска

Рената Кралевска

Мартина

Сара Гигова

Огнен Димовски

Стефанија Милевска.

Придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1