ММС

Објавено на: 06/30/21 12:33 PM

Браковите не им успеаја, но им успеа пријателството – Хурем и Емина на дружба низ Истанбул

Пејачката Емина Јаховиќ, која живее на релација Сараево- Истанбул се разведе од сопругот, но си најде пријатели. На Инстаграм се појави фотографија со Мерием УЗерли, познатата Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, каде заедно со друштво уживаат  во луксузниот ресторан.

Двете убавици се сликале без трошка шминка.  Емина во бракот со Мустафа Сандал има две деца, додека Мерием неодамна се породи со вотрата ќерка и отвори продавница со здрави слатки во Берлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gonca Karakas (@goncakarakas)


– На 10 јули ќе ја отворам мојата прва продавница во Берлин. Ова се вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување, започнувам во Берлин и се надевам дека ќе се шириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома и да уживате во најквалитетните слатки. Во понудата има вегански чоколади, џемови, „какао на лажица“, макарони, најдобар сладолед на светот, маслиново масло, кафе, чај и многу повеќе – напиша актерката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1