ММС

Објавено на: 06/30/21 12:33 PM

Лестер го купи напаѓачот Патсон Дака

Освојувачот на премиерлигашката титула од 2016. година, денес го официјализираше трансферот на напаѓачот од Замбија, Патсон Дака.

Доскорашниот играч на австриски Салзбург, за кого постигна 27 голови минатата сезона, стави потпис на петгодишен договор со екипата на Лестер и заедно со Џејми Варди и Каилечи Ихеначо ќе го предводи нападот на „лисиците“ во кампањата 2021/2022 во најдобрата англиска дивизија.

Дваесет и двегодишниот Замбиец во вкупно 125 меча за Салзбург има забележано 68 погодоци, а минатата сезона беше прогласен и за најдобар стрелец во домашното првенство и за најдобар играч.

-Многу сум возбуден што се приклучувам на овој голем историски клуб. Ова беше мојот сон и одвај чекам да видам што следува. Го следам Лестер откако ја освоија лигата. Чувствувам дека ова е перфектно место за мене, бидејќи тимот се бори за титули. Нема да биде лесно, но подготвен сум за новиот предизвик, изјави Дака за клупската телевизија.

Дака кариерата ја започнува во родната земја во екипите на Нчанга Ренџерс и Кафуе Селтик, пред да се пресели во Австрија во второлигашот Лиферинг во 2007. година.

 

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1