ММС

Објавено на: 06/30/21 12:14 PM

ДОМ останува со еден пратеник – Богдановски си поднесе оставка

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ, кој објави дека се повлекува, поради тоа што, како што рече, повеќе не ги поддржува политиките на власта. Богдановски рече дека како недемократски го оценил раководењето на претседателката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин.

Неодамна во изјава за ММС, Богдановски рече дека подолго време нема никаков контакт со претседателката, а делува како дел од коалицијата предводена од СДС.

Се очекува на местото на пратеникот од ДОМ да дојде пратеник од СДС. Откако Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја констатира оставката, ќе биде даден предлог за следен пратеник. Следна на листата е Анета Симеска од СДСМ од Македонски Брод. Меѓутоа, поради неспоивост на функции – Симоска е  директор на Пазарниот инспекторат, на местото на Богдановски ќе дојде Даниела Николова од СДСМ, од Аеродром.

ДОМ имаше двајца пратеници, а по оставката на Богдановски, претседателката Маја Морачанин, останува единствената пратеничка од оваа партија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1