ММС

Објавено на: 06/30/21 11:58 AM

Цената на струјата незначително се намалува

Августовските сметки за струја ќе бидат според новата цена на струјата, која нензачително се намалува за помалку од еден процент. Ова одлука попладнето ја соопшти Регулаторната комисија за енргетика, која одби да прифати дел од барањата на енергетските компании за корекција на цената, а дел прифати. Цената е зголемена за 12,36%, но, одлуката на Владата за намалување на висината на ДДВ-то од 18,5% на 5%, придонесе да нема промена на цената и го компензираше ударот врз граѓаните врз стандардот на граѓаните. Останува оваа одлука да ја потврди и Собранието.

Привремено, пандемиски се реши прашањето со поскапувањето на цената на струјата, меѓутоа, според одлуката на Владата, следната година висината на ДДВ се зголемува за 10% и во 2023-та дополнителните 8,5%.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1