ММС

Објавено на: 06/30/21 10:56 AM

(Видео) Дозна дека девојката го изневерува со пријателот и ја остави на генијален начин

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи!

На никому не му е лесно кога ќе сфати дека саканата личност го изневерува. Повеќето плачат, викаат, паѓаат, кршат во тој момент. Неверството е удар што неописливо боли и го јаде срцето, а претпоставуваме дека уште полошо е кога ќе сфатите дека вашата сакана ве изневерува со пријател.

Но, за жал, и тоа се случува,  таква неволја го снајде овој млад човек, чие видео од неговата последна разделба со неговата сакана на Фејсбук собра повеќе од 15 милиони прегледи, заедно со дополнителни шест на ЈуТјуб!

Младиот човек ја претворил целата своја тага и гнев во креативно збогување. Тој пристигнал во нејзиниот дом со изговор дека и подготвил подарок. Исто така го поканил и „пријателот“ да биде сведок на тој посебен момент, па  по видеото се чини дека љубовниците навистина немале идеја што следува.

Во голема кутија замотал балон исполнет со конфети, ставил помала кутија врзана панделка во балонот и ставил парче хартија во неа.

Во средината биле испечатени пораки од апликацијата WhatsApp, преписка на неговата сакана со „пријателот“.

На крајот, тој само им кажал дека се знае и дека повеќе не сака да ги види!

https://www.youtube.com/watch?v=ew8SCeGIO5k


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1