ММС

Објавено на: 06/30/21 10:47 AM

Сокријте го мобилниот во бебешка пелена – Необични совети за заштита на телефоните додека сте на плажа

Денес е незамисливо да се оди некаде без паметниот телефон и се повеќе има корисници кои ги носат мобилните дури и на плажа иако овие уреди не се наменети за користење на големи температури.

Многумина на такви места ги општетуваат или целосно ги уништуваат своите телефоните, но со неколку трикови може да се заштитат донекаде и на топлите плажи.

Доколку телефонот е изложен на сонце веројатно ќе има потешкотии во работењето, а батеријата ќе трае многу пократко. Некои уреди ќе ве предупредат дека температурите се превисоки и потоа следува гасење за да се олади телефонот.

Иако производителите ја истакнуваат водоотпорноста на своите уреди, на контактите и деловите на уредите каде што морската вода остава минерални траги може да дојде до корозија и уредот да се оштети.

Современите телефони имаат разни видови заштита од прашина, но тешко дека тој може да се сочува од острите камења или песок кои можат да ја оштетат и камерата. Најмногу се загрозени отворите на телефоно: за слушалките и влезот за полнење,

Кражбите на плажите се се почести, а оние кои крадат се се повешти. На соцојалните мрежи луѓето разменуваат различни идеи на кој начин го чуваат работите додека се во вода, а една од нив е и пелената за бебе. Може да се стави телефонот во пелената и таа да се завитка. Па, кој крадец би украл користена пелена?

Одберете сенка, сув простор, не ги допирајте телефоните додека не се исушите, држете ги своите уреди на око, но прво запрашајте се, дали навистина ни е неопходен телефон на плажа?

 

Извор и фото: mobilnisvet.rs

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1