ММС

Објавено на: 06/30/21 10:39 AM

Македонија е една легална депонија – Градиначалникот Травари за проблемите со депонијата Русино и увозот на отпад

Градоначалникот Арбен Таравари денес на средба со новинари беше запрашан за долгогодишниот проблем на Гостивар со депонијата „Русино“ и како тој како татко на општината ќе го реши овој горчлив проблем.

-Проблемот на „Русино“ е огромен проблем на општина Гостивар и не е од сега, туку веќе 20 години. Со невладината организација „Стоп Русино“ седнавме и направивме заеднички план за соработка, има предлог да се дислоцира од таму и има неколку опции.  Ние инсистираме што побргу да се дислоцира за доброто на граѓаните и предлагаме да има друга локација во некоја од општините на Полошкиот регион. Колку што знам има две опции, едната е во општина Јегуновце, а другата е во општина Желино. Било која опција општината прифаќа. Има проект во соработка со швајцарската амбасада и ќе направиме се за да имаат помалку штета за граѓаните на Гостивар и да ја дислоцираме, рече тој.

На новинарско прашање што мисли за ставот на Министерството за животна средина дека  регионалната депонијата ќе остане и понатаму во Русино Таравари рече:

-Потпишан е договор мегу девет општини од Полошкиот регион, на кој е потпишан и министерот за животна средина, според кој по пет години депонијата ќе се дислоцира и ќе се најде друго прифатливо решение. Ако се модернизира „Русино“ по европски стандарди, ако се реализира побргу, за добробит на граѓаните подготвени сме да разговараме, но вакака како што е не доага в предвид, рече тој.

Во врска со законот за увозот на отпад,  дали Македонија има потреба од увоз на отпад и како пратеничката група на  неговата партија Алијанса на Албанците  во собранието ќе дејствува Таравари со став.

-Не се ни дискутира дали во Македонија треба да се увезе отпад. Вие знаете дека Македонија сама по себе веќе е една легална депонија. Прво треба да ги решат локалните и регионалните депонии кои вријат насекаде низ државвата и треба да се најде решение, а не да се увезува отпад. Значи нашата пратеничка група сигурно ќе биде против тоа. Во Гостивар има една голема дива депонија, но постојат и други кои се обидуваме како општионска администрација да ги решиме, но тоа е сериозен проблем. Додека нема системско решение тоа ќе биде проблем не само за Гостивар туку за сите, рече Таравари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1