ММС

Објавено на: 06/30/21 9:55 AM

(Видео) Пречек со сите почести – Пендаровски ја почна дводневната посета на Хрватска

Специјално за ММС од Загреб, Вања Мицевска

 

Шефот на нашата држава, Стево Пендаровски е првиот кој доаѓа во официјална посета на Хрватска откако минатата година почна мандатот на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ. Посетата на Пендаровски почна претпладнево со пречек со воени и државни почести. Тој имаше и тет-а-тет средба со својот хрватски колега, а во тек е и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на посетата предвидена е и заедничка прес конференција на претседателите, по што Пендаровски ќе се сретне со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ.

Посетата продолжува утре со обраќање на настан организиран од Хрватската трговска комора, на кој ќе присуствуваат и претставници од Сојузот на стопански комори на Македонија. Во текот на оваа посета. Пендаровски го придружува првата дама, Елизабета Ѓорѓиевска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1