ММС

Објавено на: 06/30/21 8:32 AM

Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future на изборот за Мис на Евроазија 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021 на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.

Таа е од Тетово, има 17 години и членка е на Модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина. Ева исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето нашата Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото „Краљевски“.

Изборот се одржа во хотел во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40те финалистки на Мис Евроазија 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1