ММС

Објавено на: 06/30/21 7:35 AM

Поранешната пратеничка на ВМРО ДПМНЕ Владата на СДСМ ја именува за национална координаторка

Нола Исмајлоска-Старова, пратеничка во претходниот собраниски состав, е именувана за национален координатор за регионална соработка и европски интеграции, на вчерашната владина седница, објави „360 степени“. Екс-пратеничката беше дел од групата независни пратеници, кои дадоа поддршка за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор е именувана за национална координаторка за регионална соработка и европски интеграции

Платата на Исмајлоска е со коефициент од 3,3 за платата, што значи дека нејзините месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година.

 

360 степени


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1