ММС

Објавено на: 06/30/21 7:39 AM

Избегнете возење по шест булевари и две улици во Скопје, закочен е сообраќајот

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила, односно бавно возење се  забележуваат долж четири булевари и една улица. Доколку се бразате за на работа значи дека во двете насоки  треба да ги избегнувате  булеварите Кочо Рацин, Гоце Делчев, Киро Глигоров и улицата 11 Октомври.  Друго градско тесно грло утрово се улицата Свети Кирил и Методиј кон булеварот Водњанска, булеварот Свети Климент Охридски кон ул. Железничка и булеварот Илинден кон Карпош.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1