ММС

Објавено на: 06/29/21 9:53 PM

Не фрлајте ги семките од лубеницата – содржат многу витамини и имаат неверојатни придобивки

Порано нашите баби верувале дека ако ги јадеме семките од лубеница, можеме да му наштетиме на нашето здравје, на пример, со затнување на цревата.

Но, тоа во никој случај не е точно, напротив. Науката покажа дека скоро секој дел од лубеницата е за јадење и многу здрав.

Лубеницата е сезонски овошје богато со многу хранливи материи. Содржи антиоксиданти, магнезиум, калиум, калциум, железо, мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Од витамини ги содржи А, Б и Ц. Лубеницата го хидрира организмот, го реминерализира, а има и антиоксидантни и диуретични ефекти.

Повеќето од нас ги фрлаат семките од лубеница, а содржат неверојатни здравствени придобивки.

Семето од лубеница делува како лаксатив

Многу семки во разни видови овошје и зеленчук, делуваат како природни лаксативи, подобрувајќи ја работата на цревата. Многу луѓе јадат лубеница со се семки, додека други ги чуваат и сушат семето, за подоцна да направат чај од нив, што помага при постојан запек. Семето се користи и за лекување на цревни паразити.

Семките од лубеница го прочистуваат организмот и го зачувуваат здравјето на бубрезите

Чајот од семе од лубеница се користи како ефикасен природен лек за чистење на бубрезите и разградување на камењата во бубрезите. Семето од лубеница има диуретично дејство, го прочистува организмот, ги елиминира насобраните токсини и ја подобрува функцијата на бубрезите. Тие можат да ги елиминираат супстанциите што се акумулираат во бубрезите, формирајќи камења или песок.

Семки од лубеница за кардиоваскуларно здравје

Во семките од лубеницата има антиоксиданти, кои имаат корисен ефект врз крвните садови, ги шират, така што се идеални за луѓе кои страдаат од атеросклероза, висок крвен притисок (хипертензија) или ангина пекторис. Тие се исто така корисни за зајакнување на срцевиот мускул.

Семките од лубеница се хранливи

Поради својата хранлива вредност, штета е да ги фрлате семките од лубеница, искористете ги! Овие семки се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој го има и во доматите. Покрај тоа, тие содржат големи количини на магнезиум и цинк. Тие се препорачуваат за луѓе со хроничен замор.

Семки од лубеница за мажи

Овие семки се користат за лекување на воспаление на простатата, болест што често се јавува кај мажи постари од 40 години. Тие исто така се користат за подобрување на потенцијата и либидото. Она што треба да направите е да направите чај од овие семки.

Семки од лубеница за третман на ешерихија коли

Чајот од семки од лубеница е еден од најдобрите природни лекови за елиминирање на бактериите ешерихија коли.

Препорачуваме да соберете доволна количина семки од лубеница во текот на летото, така што ќе можете да ги користите за подготовка на чај дури и по летото, кога лубениците веќе не се достапни. Овој чај може да го консумираат и деца и возрасни.

Извор: Република.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1