ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/21 8:10 AM

„Ако згрешам нека изгорам“ -Дариа Милошеска ги воодушеви сите во Colors of Voices”

Осмооделенката Дариа Милошеска  од ПСУ Јахја Кемал со песната „Ако згрешам нека изгорам“ влезе во финалето на “Colors of Voices” .

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири комисија составена од професионален тим. Фестивалот поради пандемијата ќе оди оналјн.

Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC) на YouTube.

Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање која ќе се дели по завршување на натпреварот.

Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа.

Интересно што на овој фестивал учесниците ќе носат автентична народна носија и ќе пеат на својот мајчин јазик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1