ММС

Објавено на: 06/28/21 7:32 PM

Успешен старт на третиот Гренд Слем годинава за светскиот рекет број еден

Светскиот тенисер број еден и актуелен освојувач на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, успешно го стартуваше походот кон најголемиот за него Гренд Слем турнир во календарската сезона.

Младиот и талентиран британски тенисер, Џек Дрејпер, не претставуваше посериозна пречка по амбициите на Србинот, иако воведниот сет му припадна токму нему (4:6, 6:1, 6:2, 6:2). Сепак Ѓоковиќ не дозволи рано изненадување на зелената трева во Лондон и со 3:1 во сетови прогресираше на Вимблдон.

Веќе во вториот сет српскиот рекет се врати во своето препознатливо светло и практично го „откажа“ Дрејпер по охрабрувачкото одмерување на силите. Дрејпер до крајот на двобојот освои само пет гемови, додека пак Ѓоковиќ рутински го обработи продолжението и сега ќе го чека подобриот од јужноафриканскиот тенисер, Кевин Андерсон и квалификантот Томас Бариос.

 

 

 

Фото:

Twitter / @Wimbledon


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1