ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/21 6:35 PM

Класифицирани британски воени документи пронајдени на автобуска станица во Кент

Доверливи документи на британското Министерство за одбрана, со детали за британскиот воен брод и за можната реакција на Русија на неговото поминување низ Црното Море, се пронајдени на автобуска станица на југот на Англија, пренесува „Би-Би-Си“.

Документите, скоро 50 страници  означени како воена тајна, ги пронашол случаен минувач на „мокар куп ѓубре“ на автобуска станица во Кент.

Ваквата информација ја потврдиле и од Министерството за одбрана, кое соопштило дека минатата недела биле информирани за „инцидент во кој граѓанин понашол осетливи одбрамбени документи“.

– Министерството многу сериозно ги зема обзир безбедноста на информациите и покрената е истрага. Еден од нашите вработени пријави губење на тие документи, наведува портпаролот на министерството.

Во доверливите документи се наведува и рутата по која разурнувачот „Дефендер“ ќе плови во близина на Крим, а се анализира и веројатната реакција на руската војска за тоа.

Покрај ова, овде имало и детални планови за можното присуство на британска војска во Авганистан, откако НАТО ја заврши операцијата предводена од САД  и ги повлече своите сили од таму.

Министерството за одбрана во документите навело дека разурнувачот „Дефендер“ треба да помине близу Крим низ „територијалните води на Украина“ со прикриени топови, а бродскиот хеликоптер мора да биде во хангарот.

Се истакнува дека ова треба да се спроведе и покрај тоа што руската војска би можела да реагира агресивно и се додава дека тоа е договорено во понеделникот за време на состанокот „на највисоко ниво“.

До инцидент инаку дошло во среда, кога Русија соопштила дека испукала предупредувачки истрели и фрлила бомби на трасата на британскиот разурнувач, за да го натера да ги напушти руските територијални води.

Британија ги отфрли ваквите тврдења дека се пукало на нивниот брод и наведе дека верува оти испуканите истрели биле дел од претходно најавуваните руски „оружени вежби“.

Британија потврдила и дека разурнувачот пловел по украински води, опишувајќи го неговиот тек како „безопасен премин“ во согласност со меѓународното право.

„Би-Би-Си“   пренесува и дека во документите се сугерира дека се очекувала можна агресивна реакција од Русија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7