ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/21 3:56 PM

Легендарна изјава на Ал Пачино: Кога некој ќе ве предаде, одговорете на едноставен начин

Легендарните изјави на Ал Пачино се цитираат многу често, а она што тој го кажа за предавството на блиски луѓе треба да се сфати сериозно.

“Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние кои се заколнаа на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, сопругот ја напушта својата сопруга, сите овие ситуации се дел од животното патување”, вели тој.

“Кога некој ќе не повреди, важно е да запомнеме: Тоа не се случи затоа што бевме виновни или направивме нешто погрешно. Кога врне, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време. ”

Веднаш штом ќе го разберете ова, ќе станете имуни и психички посилни. Треба почесто да се водиме од овој став. Луѓето поминуваат премногу време во потрага по вина во себе, и тоа не помага ни најмалку.

Не акумулирајте негативна енергија, не барајте објаснување и не ја продлабочувајте дискусијата. Решението е многу поедноставно, еве како го објаснува актерот.

“Не губам време на луѓе кои ме повредија. Не им се обраќам и не размислувам премногу за овие ситуации. Немам време да ги мразам оние што ме мразат, и јас сум зафатен со оние кои ме сакаат“.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1