ММС

Објавено на: 06/26/21 1:54 PM

(Видео-галерија) Сопрете со дискриминација на ЛГБТ, мора и треба да ги гледаме – Во Скопје се одржа втората Парада на гордоста

„Сите ние имаме еднакви човекови права и кога зборуваме за правата на ЛГБТ и луѓето зборуваме за човекови права и затоа е бесмислено во 21 век да му се оспоруваат правата за нормален и достоинствен живот на некој граѓанин или граѓанка. И затоа пораката што ја праќаме е да се сопре со дискриминацијата врз ЛГБТ, со говорот на омраза, насилството од омраза, стигматизацијата, беше речено на денешната, втора по ре Парада на гордоста, која се одржа во Скопје.

А за прашањето зошто е потребен „прајд“, нека си има, не мора да ги гледаме, кое го сметаат за најчесто поставувано на парадата рекоа:

-ЛГБТ мора и треба да ги гледаме и затоа е пораката „вон ѕидовите“. Затоа што тие се дел од нашето опшество, нашите роднини, пријатели, нашите сограѓани, нашите доктори или учителки. И тие сакаат гласно да порачаат дека им следуваат сите права и слободи, како и на секој граѓанин на општеството, беше речено на парадата, која се одржа и на плус 40, затоа што пораката е токму таа- воз а не во ѕидовите.

Парадата беше поддржана од  стотици граѓани а меѓу учесниците беа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска и министерките Радмила Шекеринска и Јагода Шахпаска.

Погледнете ја видео-галеријата направена во Школка во градски парк.

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1