ММС

Објавено на: 06/25/21 10:00 PM

(ВИДЕО) Аугсбург го најави распоредот за следната сезона на невообичаен начин

Германскиот прволигаш Аугсбург на неверојатен начин, за кој пофалби дефинитивно заслужува маркетинг секторот во клубот, го претстави распоредот на натпревари за следната 2021/2021 сезона во Бундесот.

Оттаму решиле да направат комбинација на две работи кои ги поврзуваат и помладите и постарите генерации. Со воведната шпица на популарниот цртан филм „Душко долгоушко“ и видео-материјали од интернет светот, поп културата и фамозните „мимови“ кои реферираат на овој или оној начин на нивните опоненти во домашното првенство, Аугсбург го објави распоредот од Бундеслигата пред јавноста и своите фанови.

 

Па така, дуелот со Волфсбург е претставен со исечок од познатата комедија „Hangover“, а соочувањето со првакот Баерн Минхен со дел од филмската серија „Breaking Bad“.

Социјалните мрежи едногласни: „Дајте им повишица на момците и девојките од маркетинг тимот, го заслужија тоа“. И навистина е така.

 

 

 

Фото:

Twitter /@FCA_World / Screenshot

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1