ММС

Објавено на: 06/25/21 8:47 PM

Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“ во земјава

Попладнево во земјава пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, купени преку КОВАКС механизмот, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил.

-Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, напиша Филипче.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1