Тешко на тој што ќе заборави вода - Пеколот останува и следните три дена
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/24/21 7:46 AM

Тешко на тој што ќе заборави вода – Пеколот останува и следните три дена

Вода, тоа е најважното нешто што денес, па и во наредните неколку дена треба да го имате со вас. Она што го најавуваат од УХМР е застрашувачко, бидејќи температурата која ќе достигне и до 41 степен, никако не е за излегување на улица од 11 до 17 часот. Сепак, оние кои поради обрска мора да излезат со себе задолжително да имаат вода и чадор. Чадорот ќе ги заштити колку толку од сонце, но и од можниот попладневен дожд кој се најавува и покрај енормн о високите температури.
Споре УХМР денес ќе има изолирана појава на краткотраен локален дожд и грмежи. УВ зрачењето ќе биде 9.

Ништо поразлично нема да биде утре, па и во наредните три дена. Разликата е во тоа што температурата ќе падне до 38-39 степени,, а УВ зрачењето ќе биде 8.

Министерството, пак,  потсетува на општите мерки за заштита до кои треба да се придржуваат граѓаните, особено во овие екстремно топли денови.
-Да се остане повеќе во затворени простории со клима, а доколу мора да се излегува да се избираат сенки,  да се носат очила и капа, но и крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, информираат од МЗ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7