Како Рот се бореше за Македонија - „ЕУ мора да ги исполни ветувањата“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/21 11:03 PM

Како Рот се бореше за Македонија – „ЕУ мора да ги исполни ветувањата“

Германија остана доследна во настојувањата Европската Унија да остане доследна и покаже кредибилитет кон проширувањето и ветувањето кон Македонија и Албанија. Очигледно, германската цврстина, не беше доволна за добра вест од Луксмебург. Македонија доби уште едно, второ вето од Бугарија.

Што се случувало на расправата меѓу министрите на земјите членки, претедавачот  – државниот секретар на Португалија, Ана Паула Закариаш, избегна да одговори на новинарско прашање, но само повтори дека на проширувањето треба да се наврати Словенечкото претседателство со Унијата. Затоа нејзиниот германски колега Михаел Рот јасно го искажа своето незадоволство од непринципиелната европска политика.

„Ве молам! Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Македонија сега, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам“, напиша Рот на Твитер.

Германскиот министер го повтори она што им го кажа на новинарите пред почетокот на состанокот во Луксембург.

– Пред една година, после долги дискусии, одлучивме да ги отвориме преговарите за приклучување на Северна Македонија и Албанија. Сега мора конечно тој процес да се случи. Но, тој е загрозен поради билатерален спор. Овие проблеми не се дел од ЕУ. Тие можат да бидат дискутирани во рамките на ЕУ, затоа сме и тука, но, тоа се билатерални проблеми.  Комисијата, Владата, се со мислење дека Албанија и Северна Македонија ги имаат исполнето својот дел од обрвските и може конечно преговорите да започнат. Мора да биде јасно дека ЕУ претставена од сите 27 земји-членки, вклучувајки ја широката поддршка, исто така испраќа сигнали дека треба да се исполнат ветувањата. Двете државите ги достигнаа критериумите, сега мора ние треба да им возвратиме и се надевам дека ние денес ке донесеме разумни одлуки. Јас понекогаш сум изненаден што ние во стратегиските прашања многу детално размислуваме. Овие земји ние мора да ги земеме во предвид, изјави Рот.

Министерскиот совет во Луксембург, поради противењето на Бугарија,  денеска одлучи да не определи датум за министерски состанок меѓу ЕУ и Македонија и Албанија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7