ММС

Објавено на: 06/22/21 10:57 PM

„Симпсонови“ би можеле да траат засекогаш

Познатата анимирана серија „Симпсонови“, чија 32. сезона во моментов се емитува, не покажува никакви знакови на успорување и покрај тоа што критиката ја отпиша серијата уште во сезоната број 10.

Според Мајк Рејс, долгогодишниот продуцент и сценарист на овој класик, уште долго време ќе го чекаме финалето на оваа серија. Со задоволните главни глумци и фактот дека емисијата и понатаму заработува милиони, Рејс изјавил дека „Симпсонови“ би можеле да траат засекогаш.

-Оваа серија е токму изградена да трае засекогаш. „Симпсонови“ говорат за светот, човештвото и она што се случува во светот и она што го правиме како луѓе. А ако ја завршиме серијата, тоа ќе значи признавање дека сме истражиле сè што луѓето можат и сè што некогаш се случило во светот, вели Рејс за британски „Метро“.

Тој „Симпсонови“ ги спореди со долговоченоста на емисиите „Saturday Night Live“ и „The Daily Show“.

-Луѓето мислат дека имаме некоја магична формула. Доколку „Симпсонови“ не се во етер, „South Park“ би била најдолговечна емисија, а доколки не е „South Park“, тоа би биле „Family Guy“. Цртаните филмови траат засекогаш. Единствената причина поради која хит-серии некогаш престануват со снимање е заморот кај некои членови на актерската екипа. Тоа не е проблем кој цртаните филмови го имаат, појаснува продуцентот.

 

 

Фото:

tvinsider.com

Извор:

b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1