ММС

Објавено на: 06/22/21 10:20 PM

Љубовен триаголник – Жена му на Аца Лукас го изневерила со кошаркарот Марко Јариќ

Аца Лукас објави автобиографија во која ги откри сите пикантерии од неговиот приватен живот, дури и оние за кои медиумите некогаш шушкаа, а славните сопружници се обидоа да ги прикријат. Кога по бурните расправии и  официано дошло крај на љубовта кон Соња и Аца, медиумите пишуваа дека позадината е скриена во нејзината афера со кошаркарскиот ас, поранешниот српски репрезентативец Марко Јариќ.

По неверството на Соња, нејзиниот и бракот на Лукас се нишаше и сè се сведе на заеднички живот поради нивната ќерка и медиумите. Планираа патување во Америка, сепак, на Лукас не му беше дадена виза и Соња решила да оди на патување сама. Таа останала кај нејзината пријателка Брена во Мајами.

– Таа се врати насмеана, на нејзиното лице се гледаше среќа. Лежев на креветот и играв игри за коцкање… За среќа или за жал – го гледам таблетот на Соња… го вклучувам таблетот и гледам непотпишана порака, но со сликата на испраќачот. Слика, на која има маж со брада. Пораката е испратена од Америка-

Аца вели дека не ја препознал дотичната личност, па го прашал Виктор Живојиновиќ, кој му објаснил дека тој е НБА играчот, поранешен сопруг на светскиот топ модел. Дури и на најлошо информираниот читател веднаш му станува јасно дека станува збор за кошаркарот Марко Јариќ, кого Лукас во книгата го крие под псевдонимот „Мајами“ , а неговата поранешна сопруга е бразилската манекенка Адријана Лима, пишува Објектив.

Извор и фото: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1