ММС

Објавено на: 06/21/21 8:27 PM

Град го толчеше Битола и околината

-Стравотија! Големо невреме во Пелагонија. Градот ги уништи посевите! Градот толчеше. Вака на Фејсбук се прераскажува за големото невреме кое пред малку го зафатило Битола и околината.

На социјалните мрежи се споделуваа фотографии од големината на градот, кој падна во овој дел од Македонија.

УХМР денес напладне извести дека попладне се очекува невреме на одредени места во државата. Тие предупредија дека ќе има и можни поплави, бидејќи се очекува краткотраен и пороен дожд.

 

 

!фото Христијан Трајковски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1