ММС

Објавено на: 06/21/21 4:14 PM

Тричковски и Трајковски во првиот состав на Ангеловски, со четворица во одбрана против Холандија

За последниот меч на големиот европски турнир, селекторот Игор Ангеловски направи мали формациски и промени во ростерот во однос на претходниот дуел со селекцијата на Украина.

Против Холандија на „Јохан Кројф Арената“, Македонија за првпат после подолго време во одбрана ќе настапи со четири играчи. Алиоски стандардно на левата бековска позиција, Ристовски на спротивната, додека пак централниот дефанзивен двоец ќе го сочинуваат Муслиу и Велковски. Мрежата ќе ја чува Димитриевски, голманот на од вчеравечер повратникот во Примера, Рајо Ваљекано.

Елмас, Барди и Адеми во 4-3-3, или 4-2-3-1, во зависност од определбата на Ангеловски, ќе се судрат со силниот среден ред на Холанѓаните, предводен од Де Јонг, Гравенбер и Вајнладум. Во нападот, селекторот се реши за Пандев, Трајковски и Тричковски.

Натпреварот со Холандија ќе биде и последен настап за Горан Пандев во репрезентативниот дрес.

Македонија: Димитриевски, Ристовски, Алиоски, Муслиу, Велковски, Барди, Адеми, Елмас, Пандев, Трајковски, Тричковски

Холандија: Стекеленбург, Дамфрис, Блинд, Ван Анхолт, Де Фрај, Де Лихт, Гравенберч, Вајналдум, Де Јонг, Мален, Депај.

 

 

 

 

Фото:

Facebook / Македонска фудбалска репрезентација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1