ММС

Објавено на: 06/21/21 2:59 PM

Изгоре камион во близина на Струмица

Денеска во близина на селото Добрашинци, кај Струмица околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, нема повредени.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава“ учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација. 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1