ММС

Објавено на: 06/21/21 2:09 PM

Починаа две лица, регистрирани три нови случаи со Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се три нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Пациентите се починати во болнички услови.

Направени се 1.601 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-15, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-88, Авицена-137, Биотек-177, Систина-132, лабораторија Лаор-0, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-94, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 910.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1