Стефан Ристовски се расплака за Бате Горан – Емоциите никој не може да ги сокрие во Амстердам
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/21/21 1:28 PM

Стефан Ристовски се расплака за Бате Горан – Емоциите никој не може да ги сокрие во Амстердам

Еден од најголемите приврзаници и ученици на Горан Пандев, десниот бек Стефан Ристовски на четири часа пред мечот не можеше да ги сокрие емоциите за Бате Горан и се расплака пред објективот на ФФМ.

Гранде Пандев како вистински капитен го прегрна Ристовски, му се насмеа и иако едвај ги задржа солзите, сепак не покажа слабост со цел да ги предводи нашите фудбалери на натпреварот со Холандија кој е закажан за 18 часот.

Дваесет години радост и тага, две децении возбудувања, пресврти, емоции, среќа, напнатост. Она што Горан Пандев и го даде на Македонија и репрезентативниот фудбал не може да се мери со ништо.

Скромниот струмичанец вечерва против Холандија ќе го одигра последниот натпревар во „црвено-жолтата“ боја и тоа на Европското првенство.

Сонот од детството му се исполни, а со голот против Грузија ја однесе Македонија Европско првенство, исполнувајќи ги соништата на сите Македонци.

Вечерва кога судијата ќе го означи крајот на мечот Холандија – Македонија, без разлика каков и да биде исходот, на арената во Амстердам и меѓу два милиони луѓе во Македонија кои ќе го следат пред своите ТВ екрани, ќе нема човек кој нема да застане и да му оддаде аплауз за сите големи победи што Гранде Пандев ги даде за својата земја.

О.К.

фото: ФФМ

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7