ММС

Објавено на: 06/21/21 7:00 PM

(Видео) Игнорирам искомплексирани и исфустрирани ликови – Пејачката Сања Барби за хејтерите, малограѓаните и заостанатите

Пејачката Сања Барби Цинцева од Струмица, по скоро една година се појави со новата песна „Ковид и секс“ и наиде на остри критики кај јавноста. Иако таа за ММС на шега вели „ остана само сексот, оти ковидот веке го нема“, ама бидејќи лугето се исплашени,  сакала да внесе малку  позитивна енергија. Сепак, негативните коментари не стивнуваат.

„Не верував за нуспојави од вакцините, ама еве имало, како трајно оштетување ова ми изгледа“ е само еден од коментарите, за кои Сања смета дека е дело на хејтери, кои не виделе ништо подалеку од тастатурата.

-Сега знам како им е на политичарите и зошто косата им побелува, паѓа… Па, на дел од граѓаниве никако неможе да им се погоди. Ако човек вложува во својата кариера снима нови песни и спотови, веднаш се јавуваат дежурни критичари, навредуваат, напаѓаат и што уште не, како од лебот да си им зел. А можам да замислам со какви се луѓе се оптоварени политичарите, што и да направат не им е признато, сите ги ставаат во ист кош, како сите да крадат и да бегаат во азил. Дефинитивно во Македонија ако сака човек да се занимава со јавна професија треба да е опериран од малограѓанство, да знае да ги игнорира искомплексираните и исфустрирани ликови, вели Сања и додава:

-Живееме во 21-ви век ама ете имало луѓе застанати во 19-ти и 20-ти век. Ги читам коментарите за мојата најнова песна „Ковид и секс“ и искрено многу се смеам на коментарите од типот дека била перверзна и дека не била добар пример за младата генерација. Епа драги мои хејтери, сексот веќе не е табу тема, се планира да се воведе и предмет во образованието, баш се со цел младите подобро да се запознаваат на оваа тема. Не разбирам, проблем е што во песната се споменува секс, а не се проблем песните каде што се пее за дрога, мафија, и што уште не, па има спотови кои не се соодветни. Ама не, таквите песни не пречат, бидејќи се од изведувачи од соседството, нели се што е туѓо е убаво, а нашето не чини. Затоа ги повикувам да излезат од шаблонот наречен “заостанатост” и да уживаат во животот. А во животот најлесно се ужива со музика, вели Сања.

Таа смета дека нејзината најнова песна е трендовска и дека таа секогаш е меѓу првите кои носи, кога станува збор за музиката.

-Како и секогаш така и сега новите трендови на музика јас ги носам меѓу првите кај нас, па затоа и не ме чуди што читам негативни коментари од исфустрирани, искомплексирани и нереализирани личности, што освен тестатура не виделе ништо друго во животот. Од таквите не ни очекувам да ја прифатат песната или да ја разберат, немаат толку интелегенција и затоа ги замолувам воопшто да не ме слушаат. Само ме чуди, пак ќе кажам,  тоа што кога ќе слушнат песна од овој жарн, а изведувачот да е од соседните земји тие истите први скокаат и се радуваат, па постираат, споделуваат… Ама кога некој наш уметник ќе сними одма наидува на критики.

Нема да згрешам ако кажам дека тоа се оние исти што глумат “патриоти” а при првиот неуспех на нешто наше тие се гордеат, сигурно славеа после поразот на нашата репрезентација, оти тие така се научени, да глумат патриоти, а во исто време да плукаат по се она што вреди кај нас. Ама ако, мене само дополнително ме мотивираат да продолжам по патот кој што сум тргнала. Тврдам дека песната „Ковид и секс“ е едно добро освежување за нашата естрада, верувам дека ќе биде и летен хит, вели пејачката.

Сања вели дека не се плаши од Ковид-19, бидејќи го прележала и дека го поддржува вакцинирањето, бидејќи верува во медицината.

-Не се плашам од Ковид-19 со оглед дека дека го прележав, поминав со благи симптоми. Се вакцинирав да за да се заштитам себеси и да ги заштитам сите околу мене. Јас и верувам на медицината, рече таа.

Сања наспроти негативните коментари дека пее за Ковид-19, кој однесе многу животи и зацрни мнoгу семејства, вели дека целта не и е да ги исмејува нив. Напротив.

-Не, не, не, како би ги иссмејувала кога и јас лично го прележав вирусот. Темата на песната е таква, се со цел малку позитива да дадеме на се околу вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија, вели таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1