ММС

Објавено на: 06/19/21 9:00 PM

Жељко Обрадовиќ пред спектакуларно враќање во белградски Партизан

Веста за големото враќање на најголемиот и најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, во српската кошарка и онаму каде што за него започна сè, одекна како бомба денес во спортската јавност во регионот. По раскинот на договорот со турскиот евролигаш Фенербахче, Обрадовиќ остана без професионален ангажман, а гласините за неговата иднина од ден на ден само се засилуваа.

Според „Курир“, рекордерот по освоени титули во Евролигата ќе потпише тригодишен договор со белградски Партизан и ќе има на располагање милионски буџет со кој ќе може да раководи при формирањето на респектабилен тим, доволно добар да се врати на старите победнички патеки и да се врати онаму каде што му е местото – во Евролигата и на врвот на АБА лигата.

Обрадовиќ како играч во Партизан настапува од 1984 до 1991 година, додека пак како тренер во 1992 година ја освојува Евролигата со Партизан против шпански Хувентуд. Токму Хувентуд е неговата следна дестинација каде што го „печел занаетот“, пред да заврши во Реал Мадрид и потоа да доминира во Европа со грчки Панатинаикос.

 

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1