ММС

Објавено на: 06/19/21 7:50 PM

Ибрахим Реиси е новиот претседател на Иран

Според неофицијалните резултати, конзервативниот кандидат и поранешен шеф на иранското правосудство, Ибрахим Реиси, е победник на 13. претседателски избори со што стана осмиот претседател на Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).

Иако сѐ уште се очекуваат официјалните резултати од одржаните избори во Иран, што би требало да ги објави Изборниот центар на Министерството за внатрешни работи, според неофицијалните резултати Реиси веќе ја загарантирал победата на изборите.

Во државата со приближно 83 милиони жители, право на глас имаа 59.310.307 гласачи.

Останатите тројца кандидати во трката за претседател се поранешниот командант на војската на Револуционерната гарда, Мохсен Резае, пратеникот Емир Хусеин Хашеми и поранешниот гувернер на Централната банка, Абдунасер Химети, кои му честитаа на Реиси за победата.

Актуелниот претседател на Иран, Хасан Рохани, исто така изјави дека иранскиот народ одлучил кој ќе биде иранскиот претседател и дека ќе му ја предаде должноста по 45 дена.

 

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1