ММС

Објавено на: 06/19/21 10:11 AM

Меркел: Мораме да останеме во дијалог со Русија ако сакаме безбедност и стабилност во ЕУ

Европската унија треба да одржи дијалог со Русија и покрај големите разлики околу прашањето за безбедноста и конфликтот во Украина и Сирија, изјави вчера германската канцеларка Ангела Меркел пред разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Русија е голем предизвик за нас, но Русија е исто така континентален сосед на ЕУ и ние треба да се осигураме дека сите хибридни напади ќе бидат запрени, рече Меркел на заедничката прес-конференција, објави Ројтерс.

„Но, од друга страна, имаме интерес да останеме во дијалог со Русија, ако сакаме безбедност и стабилност во ЕУ, без оглед колку тешко би било тоа“, додаде таа.

Меркел изјави дека верува дека кога американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат отворен дијалог, па тогаш е важно и ние од европска страна да го сториме истото“.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1