ММС

Објавено на: 06/19/21 8:55 AM

Чешка со оружје во рака ќе го брани граѓанското право

Комората на пратеници (долниот дом) на чешкиот парламент во петокот ги одобри измените на уставот на Републиката за правото на граѓаните да го бранат животот со оружје во рака.

За иницијативата гласаа 141 од 159 пратеници присутни на седницата, ова го објави чешката телевизија.

Амандманот на уставот наскоро ќе биде одобрен од Сенатот (горниот дом). Прага не се сомнева во позитивниот исход на гласањето по ова прашање, бидејќи сенаторите излегоа со слична иницијатива.

Како поддршка на оваа иницијатива, во Чешка започна кампања за собирање потписи за релевантната петиција до властите. Се потпишаа 102.000 граѓани на десетмилионската држава, вклучувајќи го и претседателот на Сенатот, Милош Вистрихл.

Извор и фото: Њуз.бг


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1