ММС

Објавено на: 06/19/21 8:04 AM

Запалете свеќи за мир на душата на вашите најмили кои повеќе не се со вас!

Денеска верниците ја одбележуваат летната Задушница -Духовден.

Задушница е ден посветен на најблиските кои повеќе не се со нас, и на тој ден, верниците одат на гробишта, палат свеќи, а ако гробовите се далеку, се пали свеќа во црквата во спомен на мртвите.

На овој ден, на гробовите се носи вино, се чистат, се носат цвеќиња и се палат свеќи во спомен на мртвите.

Задушница секогаш паѓа во сабота.

На денот на Задушница, се оди во црквата, каде се одржува света литургија и панихидата, на која свештеникот ја истура житото со вино, а по завршувањето на службата, се оди на гробовите на починатиот.

На гробиштата и во црквата се носи варена пченица што нè потсетува на Христовите зборови дека житото не носи плод само кога ќе умре, и тоа не во темница, туку во светлината на сонцето. Црвеното вино, со кое попот го истура житото, ја означува Божјата милост со која се лекуваат раните на гревот.

Оние кои не се во можност да одат на гробиштата поради оддалеченоста, треба да одат во најблиската црква и да направат помен за своте упокоени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1